Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи

Херметички спакувани во куфер и торба, скриени во камион за меѓународен транспорт, двајца турски државјани се обиделе преку копнениот граничен премин во Еврос, во Грција да внесат 50 пиштоли, по што биле уапсени и се товарат за внесување и трговија со нелегално оружје од Турција со цел снабдување на криминални групи, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека по соодветна обработка и анализа на добиени информации, било утврдено дека се подготвува транспорт на голема количина оружје преку камиони за меѓународен транспорт, а за да се спречи била испланирана и спроведена координирана акција.
Во рамките на операцијата, во вечерните часови во средата на 1 јули 2026 година, беа лоцирани два камиона за меѓународен транспорт кои влего на грчка територија преку граничен премин во областа Еврос. Од нивно следење беше утврдено дека возачот на првиот камион имал улога на претходница, проверувајќи ја рутата за евентуално присуство на полициски сили. При запирањето и контролата на вториот камион, под креветот во кабината и зад возачкото седиште беа пронајдени внимателно скриени патна торба и куфер, во кои, херметички спакувани, се наоѓале 50 пиштоли и 49 шаржери, кои беа запленети, соопштија од грчката полиција и додадоа дека запленет бил и камионот.
Дополнително, било утврдено дека запленетите пиштоли немале сериски броеви, исто како и во случаите што истиот оддел ги истражувал пред неколку месеци.
Поконкретно, на почетокот на октомври минатата година во близина на градот Ксанти во североисточна Грција бил уапсен 27-годишен турски државјанин, кај кого биле пронајдени и запленети 25 пиштоли, а исто толку пиштоли, во истиот регион, биле пронајдени и кај други две лица, уапсени на крајот на мај годинава.
Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во средата посочи дека еден од проблемите со кои се соочува грчката полиција е турската мафија и „продолжува целиот процес на расчистување, истрага и разбивање на турските криминални организации, кои ги расчистуваат сметките на грчка територија“.
Околу 2.000 Турци, мафијаши, од мафијашките криминални групи, се наоѓаат во грчките затвори, откри во министерот во чија надлежност е полицијата.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
