Двајца службеници на МВР добија благодарници од градоначалникот на Пешкопеја

Двајца полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Рефик Пајковски-командир на Полициското одделение Ростуше и Ведат Зеќири-раководител на смена во Полициската станица за граничен надзор Жировница, од градоначалникот на Пешкопеја (Република Албанија) добија благодарници за спасувањето на двајца албански државјани пред седум години.
Благодарниците им ги врачи градоначалникот на Пешкопеја Муарем Рама на средбата која вчера ја имаа градоначалниците на општина Маврово-Ростуше и Пешкопеја.
Во настанот, кој се случи пред седум години полициските службеници покажаа висок ниво на хуманост и професионалност. Рефик Пајковски, тогаш командир на ПС за граничен надзор Жировница и Ведат Зеќири, со максимално ангажирање успеаа да ги спасат албанските државјани. Тие, тогаш илегално влегле во Македонија и заталкале по снежните падини на Кораб. Длабокиот снег и екстремно ниските температури придонеле двајцата да останат отсечени и да побараат помош.
Примајќи ја благодарницата, командирот на Полициското одделение Ростуше, Рефик Пајковски искажа задоволство за вниманието и почитта и подготвеност така да постапи и во идни слични ситуации.
Градоначалникот Рама беше гостин на неговиот колега од мавровско-ростушката општина, Мукрем Мехмеди, во рамките на повеќегодишната меѓугранична соработка на овие две општини, пред сé на проекти од сферата на екологија.
Ново на Сител
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
