-->
-->
Двајца скопјани начекале крадец како „оперира“ па го истепале, интервенирала полицијата
-->
Двајца скопјани начекале крадец како „оперира“ па го истепале, интервенирала полицијата.
- На 16.04.2023 во 19.45 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(37) од с.Сингелиќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид, од објект во изградба, соопшти МВР.
Како што информира МВР, во врска со случајот, нешто подоцна М.И. пријавил дека околу 19.10 часот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат со тврди предмети од Б.И. и уште едно лице, откако бил затекнат при обид да го изврши кривичното дело во објектот.
Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
