-->
-->
Двајца повредени во превртеното возило со мигранти
-->

Според информацијата од СВР Велес, утрово околу 06.30 часот на автопатот Градско – Велес, патничко возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело.
По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти од кои двајца биле повредени. Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите се префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски, се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
