Двајца потешко и тројца полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
Две лица се потешко, а три полесно повредени во вкупно пет сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајќи е причинета материјална штета.
Според билтенот на СВР Скопје, 40 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи кои биле под дејство на алкохол и шестмина кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани и три технички неисправни возила.
Сообраќајната полиција издала 83 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 81 возило.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска заедно со ООУ „Кочо Рацин“ ќе реализираат превентивни мерки од областа на сообраќајот.
Посебна сообраќајна поука на која присуствувале учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи како возачи е спроведена и во текот на вчерашниот ден.
Ново на Сител
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
