Двајца браќа под истрага за нанесување тешки телесни повреди

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – тешки телесни повреди, додека другиот е осомничен за помагање при извршување на истото кривично дело, соопштија од Обвинителството.
– Првоосомничениот, помогнат од второосомничениот, на 23 март 2019 година, во кафе- бар во селото Марино, со умисла на едно лице му нанеле тешки телесни повреди, при што му уништиле важни органи и му го загрозиле животот, информира ОЈО.
Посочија дека кога оштетениот пристигнал во кафе-барот со негов пријател, бил пресретнат најпрво од второосомничениот, кој се удрил со рамото во него, а потоа со бокс го удрил во пределот на лицето. Во тој момент дошло лице од обезбедувањето на локалот кое ги раздвоило. Но, нешто подоцна пред влезот на локалот оштетениот повторно бил пресретнат од двајцата осомничени. Второосомничениот го фатил за гуша, а од неговата лева страна дошол првоосомничениот и го забодел со нож во пределот на левиот долен дел од стомакот. По ова, осомничените го напуштиле местото на настанот.
– Бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство и постојат особени околности кои укажуваат дека осомничените би можеле да влијаат на сведоците и кои го оправдуваат стравот дека би можеле да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица, наведува ОЈО.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
