-->
-->
Двајца албански пратеници се отстранети од должноста поради криминални досиеја
-->
Албанската Централна изборна комисија ги поништи мандатите на двајца пратеници и еден градоначалник поради криминални досиеја, јави БТА.
Ова е прва ваква мерка преземена согласно законот што беше усвоен минатата година, со кој на лицата кои имаат криминално досие им се забранува да вршат јавна функција.
Комисијата им ги одзеде мандатите на пратениците Дешамир Тахири од главната опозициска Демократска партија и Шкелким Селами од Социјалистичкото движење за интеграција и на градоначалникот на Каваја Елвис Роши.
Тројцата одрекуваат дека имаат криминално досие.
Според обвинителството тие имаат пресуди во Италија и Швајцарија за различни престапи, вклучително и за перење пари и за трговија со луѓе и наркотици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори