Дваесет и четиригодишен прилепчанец загина во сообраќајка
Николче Мирчески, роден 1991 година од Прилеп го загуби животот во сообраќајна несреќа што изутрината се случи на патот Прилеп - Крушево.
Според портпаролот на СВР Битола, Сања Таматова несреќата се случила изутрината околу 6 часот и 20 минути, кога возилото „Рено меган“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, излетало од патот кај селото Врбјани.
- Возилото е пронајдено во нивите крај патот полни со вода. Момчето починало на лице место, изјави Таматова.
Полицијата и основното јавно обвинителство направија увид на местото на несреќата. Наредено е да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Според заменик-јавниот обвинител Дамчо Кочоски, на телото на момчето не се пронајдени телесни повреди, автомобилот бил речиси целосно во вода.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје