-->
-->
Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-->

Бразилскиот атлетичар Алисон дос Сантос победи во трката на 400 метри со пречки на митингот од Дијамантската лига во Цирих и постави синоќа нов светски рекорд.
Дос Сантос победи со време од 45,80 секунди и за 0,14 секунди го подобри светскиот рекорд што го држеше Норвежанецот Карстен Вархолм од 2021 година.
Ворхолм ја заврши трката на второто место, истрчувајќи ја патеката за 46,69 секунди.
Светски рекорд на митингот во Цирих постави и американската спринтерка Масаи Расел во трката на 100 метри со пречки.
Олимписката шампионка победи со време од 12,09 секунди, соборувајќи го претходниот светски рекорд поставен од нигериската спринтерка Тоби Амусан за 0,03 секунди.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
