Два нови случаи на позитивни на Ковид-19 во детската градинка во Делчево
Два нови случаи на позитивни на Ковид-19 се регистрирани во Детската градинка „Весели Цветови” во Делчево. Според информациите од градинката, станува збор за две негувателки од објект број 1. кој работи во состав на установата.
-Поради двата нови случаи со претходно изготвено решение 10 деца и 5 други вработени ќе бидат во изолација, а притоа овој објект ќе биде затворен седум дена. Што се однеува до дечињата, вкупно 18 деца се опфатени со мерката за самоизолација, информираа од градинката.
Од претходно во ,,Весели цветови” има уште тројца позитивни на Ковид-19 вирусот, кои, како што додадоа од градинката, се уште не се вратени на работа.
-Станува збор за вработени во Објектот број 2, кои се уште не се вратени на работа, бидејки немаат потврда за негативен тест. Поради контактите со тројцата вработени, имавме и група од 12 деца и уште двајца вработени на кои им помина изолацијата, додадоа од градинката.
Оттаму истакнаа дека во меѓувреме градинката продолжува доследно да ги спроведува мерките за заштита од заразата, преку почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19. Како дел од тие мерки, извршена е дезинфекција во установата, а во насока на следење на насоките за заштита, продолжуваат и редовните комуникации со санитарниот здравствен инспектор и епидемиологот во Делчево.
Ново на Сител
-

Кривична за лице од скопско за криумчарење мигранти, пронајдени 10 лица мигранти од Египет
-

Татко му се заканувал со нож на својот син во Кисела Вода, Судот го отстрани од неговиот дом
-

Најстудено утрово во Берово минус 6, денеска температури до 20 степени
-

Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во земјава
-

Одбележување 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка
-

Белата куќа вели дека САД нема да бидат „задоволни“ ако Русија споделува разузнавачки информации со Иран
-

37 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот
-

Шест лица загинаа, неколку се повредени во пожар во автобус во Швајцарија
