Дунавка и Супермен од Австрија прегрнати низ ГТЦ

Навредена од неможноста на македонската јавност да ја разбере симболиката на црвените гаќички, Дунавка револтот го истури врз уредничката на забавната рубрика на Вест, Лејла Сабит, па ѝ посвети цел статус во стилот на колумните на Сабит.
Од револтот аир видовме сите, зашто сакајќи или не сакајќи Дунавка ни го откри идентитетот на мистериозниот господин кој ја придружуваше на отворањето на Охридско лето.
„Супер-мен, кој ќе се симне од Австрија и во 5:30 сабајле ќе Ве разбуди на домофон и ќе Ви каже – одиме кај сакаш за да правиме што сакаш“, ѝ напиша Мис Дунавка на Сабит како одмазда што црвените гаќички ѝ ги залепи на насловна.

И нејсе, освен тоа откри и дека гаќичките ѝ се подарок. Не сакаме да шпекулираме, но се наведува дека подарокот стигнал директно од Австрија.
Вечерва, стокмена, во црвено фустанче, Дунавка повторно се дружеше со Супермен. Овојпат се сакаа во ГТЦ, а бојата на гаќичките остана мистерија за сечија фантазија.
Сепак, очигледно е дека Супермен сака црвено.

Ново на Сител
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
-

Преглед на вестите од светот
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
