Кошарка
21. December 2016 - 13:19

Дуел на непоразените во Првата кошаркарска лига

Редовното 7.коло во Првата кошаркарка лига на Македонија е во знакот дербито во Кавадарци меѓу досега непоразените лидери на табелата Фени Индустри и Работнички.
 
Истовремено во оваа рунда ќе играат и двете последно пласирани екипи на табелата, АВ Охрид и Вардар.
 
Двојки:
АВ Охрид – Вардар,
Куманово – Струмица,
Пелистер – Кожув и
Фени Индустри – Работнички.
 
Освен дуелот во Куманово кој почнува во 19 часот, другите три средби ќе стартуваат во 18 часот.
 
Табела: Работнички 12 бода, Фени Индустри 12, Куманово 10, Кожув 9, Струмица 8, Пелистер 8, АВ Охрид 7, Вардар 6.