ДСЗИ: Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци
Во тек се инспекциски надзори во три здравствени установи со цел да се следи патот на лекувањето на детето. Приватната здравствена установа каде детето имало избран матичен лекар, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, каде било лекувано и во ЈЗУ УК за детски болести каде била констатирана смрт. Вака денеска одговорија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ДСЗИ за МИА, во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци.
Вчера, во изјава за МИА, родителите на детето рекоа дека бараат да се испита можно постоење на лекарска грешка. Родителите на детето кое почина на пат кон скопските клиники, бараат испитување на лекарска грешка.
- Ги повикуваме надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нашето детенце, реагираа родителите на детенцето, кое почина на пат кон скопските клиники.
- Сабајлето во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно. Затоа бараме да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта, ни почина во рацете, рече таткото Тони Стојанов во изјава за МИА.
Како што претходно соопштија од полицијата, тригодишното детенце било починато донесено на комплексот клиники ,,Мајка Тереза" во Скопје.
Како што соопшти полицијата, во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 3.00 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 8.45 часот била констатирана смрт.
Ново на Сител
-
Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово
-
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-
Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате
-
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово