Државниот дом на народите на БиХ денеска ќе расправа за пониски цени на горивата и поевтини намирници
На итната седница закажана за денеска, Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ се очекува да разгледа и усогласи два владини извештаи, што се очекува да доведе до пониска цена на горивата во државата, како и на некои основни прехранбени производи.
Претставничкиот дом и Домот на народите на државниот парламент претходно ги усвоија тие два закона (за ДДВ и акцизи), но во различни текстови, па затоа беше неопходно да се усогласат меѓу двата дома. Во март годинава Претставничкиот дом усвои предлог за измена на Законот за акцизи во Босна и Херцеговина, според кој горивото во Босна и Херцеговина би поевтинувало и до половина конвертибилна марка за период од шест месеци, со можност за продолжување за дополнителни три месеци.
Потоа, Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ го усвои истиот закон, но со рок на важност од само 30 дена. Затоа, беше потребно усогласување на текстот на предложениот закон меѓу двете комори, а Комисијата за усогласување го усогласи на тој начин што акцизите за гориво се укинуваат за период од шест месеци со можност за продолжување за дополнително три месеци.
Кога станува збор за Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, станува збор за воведување на нулта стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, храна и опрема за деца, семенски и саден материјал и 22 отсто за луксузни стоки.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево