Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница

Дронови нападнаа трговски бродови во бугарските води во Црното Море. Нападот е прв од таков вид врз бродови во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море во близина на Варна, јавија бугарските медиуми. Во водите на Црното Море во тек е голема спасувачка операција.
Според првичните податоци, целите на нападите биле два товарни брода – ALFA WATAN (IMO: 7510884) со знаме на Того и ABLE (IMO: 9001136) со знаме на Палау.
Моментално нема официјални информации за судбината на екипажите на бродовите.
Премиерот на Бугарија, Румен Радев свика итен состанок со претставници на институциите во врска со двата брода погодени од беспилотни летала во бугарската економска зона во Црното Море, соопшти владината прес-служба. Ќе учествуваат претставници на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и води, претседателската институција и безбедносните служби.
Бугарската претседателка Илијана Јотово поради инцидентот ја откажа посетата на Велико Трново, јави БТА.
МИА
Ново на Сител
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
