Древен вирус, кој со векови спие во нас би можел да се „разбуди“

Во последните истражувања на човековата ДНК, научниците пронашле вирусен код, кој претставува осум отсто од човековиот геном.
Многумина не знаат дека нашите тела не се единствената животна форма, туку дека содржат комлексни и разновидни екосистеми на микроби, кои играат голема улога во нашиот живот.
Нашата благосостојба делумно зависи од однесувањето на тие мали организми, во кои се наоѓаат исти генетски мапи, кои управуваат со нашата биологија и се наоѓаат во нашите клетки.
Од друга страна ниту ДНК во нашите клетки не е целосно наша, повеќе од осум отсто од нашиот геном не е од човечко поотекло, туку потекнува од вирусите.
Научниците неодамна во човечката ДНК пронашле нов вирусен код, кој би можел да има големо влијание врз нашиот живот.
Со анализата на геномите на повеќе од 2.500 учесници во истражувањето, откриени се 19 никогаш досега забележани сегменти на вирусниот код, а голема е веројатноста дека одреден дел од таа вирусна ДНК патува низ нашето тело во изминатите 670 илјади години, ако не и подолго.
Повеќето од тие делови претставуваат остатоци на исчезнати вирусни честички, но некои претходни истражувања покажале дека овие фрагменти, во зависност од нивните позиции внатре човековата ДНК, можат да влијаат врз развојот на болестите како рак и автоимуните заболувања.
Но она што е можеби уште поинтересно е дека истражувачите пронашле и сегмент од вирусен код, кој изгледа како целосно недопрен и дека со повторно активирање би можел да „внесе живот“ во древниот вирус.
- Изгледа дека од овој може да настане инфективен вирус, што би било мошне интересно, доколку се испостави дека е точно. На тој начин би имале прилика да го следиме развојот на епидемија, која се случила многу одамна, изјави Џон Кофин, научник од Медицинскиот факултет на Универзитетот Тафтс.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
