-->
-->
Драма во Венецуела, нападнато возилото на Гуаидо: Погледнете како налетале на лимузината на самопрогласениот претседател додека излегувал од собранието
-->
Непознати лица во Каракас го нападнел автомобилот во кој се наоѓал лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гуаидо, кој се прогласил за претседател.Телевизијата "VPI TV" објавила снимка на која се гледа како автомобилот на Гуаидо вози по улицата. На семафорот кон него оди човек кој се обидува да ја отвори вратата и ја удира со нога. Автомобилот повторно трга, а луѓето кои се собрале на улица почнуваат кон него да фрлаат разни предмети.
"Кога Гуаидо излезе од Народното собрание, вооружени групи го удирале и нападнале со тешки предмети автомобилот со кој се возел", соопштила телевизијата.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го изразил своето незадоволство поради овој инцидент.
"Овие акции на заплашувањето нема да го одложат неизбежното - мирна обнова на демократијата, стабилност и просперитет на народот на Венецуела", рекол тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
