-->
-->
ДПМ го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај’
-->
Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ што се доделува за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација.
Во конкуренција ќе влезат стихозбирките објавени од 30 април минатата година до 30 април годинава. Книгите до ДПМ треба да се достават во четири примероци до 5 мај.
Наградата ќе биде врачена во јуни на свеченост во Друштвото на писателите на Македонија.
Доделувањето на ова признание е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Наградата беше востановена минатата година, а прва добитничка беше поетесата Елена Пренџова за книгата „Политички коректна поезија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда