-->
-->
Дозволив девојка ми да спие со други луѓе, а сега се каам
-->

„До неодамна имав убава и цврста врска од три години. Реков „до неодамна“ затоа што мојата девојка се заинтересира за полигамија - а мене тоа не ми се допаѓа“, - вака го започнува своето писмо еден збунет, но искрен маж.
Свесен во што се впуштил, сега сака да се извлече од се, но не знае како. Затоа решил да побара стручна помош.
„После секс со некој друг, мојата девојка станува многу љубезна со мене, но често и возбудена. Се гледа дека убаво се чувствува. Но, понекогаш ни е многу тешко да оствариме однос - поточно мене. Би сакал повторно да „договориме“ моногамија, но не знам како да почнам“, - прашува овој човек, кој сака да биде се како претходно.
„Се сомневам дека повторно договарање на моногамија е полесниот начин да се извлечепш од ова. Но, многу е важно да го кажеш своето мислење. Ако си сфатил дека полигамијата не е за тебе, тогаш и таа мора да го знае тоа.Со самото тоа што си прифатил еден таков договор значи дека си љубопитен и ги слушаш желбите на својот партнер. Затоа сега би било паметно да и кажеш за што се работи. И понатаму сум возбуден и љубопитен за таа идеја, но моментално не сум спремен да учествувам. Иако сакам и понатаму да истражувам, моментално сум за некоја едноставна варијанта, помалку ексклузивна. Дали можеш, те молам, да се обидеш да ме сфатиш“, - со овие зборови би требало да и се обратиш.
„Исто така, би било добро да ја разбереш нејзината желба за полигамија и што точно значи тоа за неа. Дознај дали тоа може да биде причина поради која би те оставила. И, никогаш не заборавај дека имаш опција да ја оставиш.“ - добил одговор.
Дали вие се согласувате? Дали некогаш би прифатиле полигамна врска?
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Митева, портпаролка на Владата
-

И другите општини ќе учат од Прилеп како да селектираат отпад, Прилеп останува лидер во Македонија
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
-

Повреденото дете се уште критично
-

Кривични пријави за две лица и фирма од Струмица, се сомничат за затајување данок, перење пари и лихварство
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
