Живот
9. April 2018 - 13:40

Дошла да и извадат циста, излезе во мртовечки сандак: Пациентка (28) жива ја балсамирале, умре во најголеми маки

Екатерина Федјајева (28) од Уљановск, на западот на Русија почина во страшни маки зошто во текот на рутинска операција, наместо физиолошки раствор, по грешка и вбризгале формалдехид, кој се користи за балсамирање.

Екатерина отишла на обична лапораскопска операција на циста на јајникот. Неодамна се омажила и таа со сопругот сакале бебе, а цистата и правела проблеми. Постапката била рутинска и таа е оперирана на 15. март.

Меѓутоа, медицинската сестра по грешка во стомачната празнина наместо физиолошки раствор и вбризгала формалдехид. На Екатерина и се покачила температурата и и почнале страшни болки во стомакот. Лекарите и дале смекта, а на сопругот Игор, мајката Галина и свекрвата Валентина и рекле да си одат дома.

-Катја лежела во заедничка соба, каде имало уште осум кревети, жените се одмарале, па Игор рано заминал. И Галина во 7 часот ја замолиле да оди и и рекле да се врати утрото. Ми теелфонираше дека Катјуша спие и дека притисокот и е многу низок, и дека и рекла „мамо, умриам“, раскажува потресената свекрва Валентина.

Галина отишла утрото кај ќерката, но Екатерија била во многу тешка состојба. Прво ја префрлиле во регионалната болница, а на 17 март во болница во Москва. Таму веднаш почнале да ја реанимираат, но веднаш рекле дека премногу време поминало.

-Девојката стигна во многу тешка состојба, повеќе органи и откажаа, во таква состојба не можеше да живее, соопшти Федералната агенција за медицина и биолигија. На Екатерина и откажаа белите дробови и бубрезите. Ја разбудиле од кома само за да се прости со семејството.

-Ова е чисто убиство. Таа течност едноставно го уништи нејзиното тело од внатре, вели огорчената мајка Галина.

-Целото тело и се тресеше. Ја отруја и ништо не направија да и помогнат. Луѓето кои ја направија операцијата знаеја дека и е вбризгана погрешна течност. Мораа да преземат итни мерки, но не реагираа на време. Ги проколнував да направат нешто, а тие само само сакаа што побрзо да си одам и се да скријат под тепих, вели таа.

Очајната мајка Галина

Во Уљановск почна истрага за овој случај, а го надгледува лично гувернерот на Уљановскиот регион Сергеј Морозов. Тој рече дека ќе се состане со семејството на Екатерина и дека државата ќе ги подмири сите трошоци за погребот.