ДОПИР
Од креаторот на „Херои“ доаѓа возбудлива ноќна приказна за бројките и невидливите врски меѓу луѓето. Познатиот Кифер Сатерленд го гледаме во улогата на татко кој ќе направи сè за да ја открие тајната што се крие зад необичната дарба на неговиот син. Неизвесно дејство што ќе ни покаже дека секој човек е дел од една поголема приказна и дека понекогаш еден единствен допир може да промени сè.
По трагичната загуба на сопругата во терористичкиот напад од 11 септември, Мартин Бом се обидува сам да го одгледа својот единаесетгодишен син Џејк, момче со аутизам кое никогаш не проговорило.
Но, додека другите гледаат само тишина, Мартин почнува да открива дека Џејк го доживува светот на сосема поинаков начин - преку броеви и необјасниви поврзаности. Детето ги минува деновите пишувајќи бројки во неговите тетратки и на неговиот таблет, создавајќи мистериозни шеми кои ќе го привлечат вниманието и на професорот Телер. Неверојатна мистерија се крие зад бројките, а Мартин ќе мора да ја открие вистината и да ги поврзе коцките од минатото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
