Донесена пресудата за милионскиот грабеж во Тутунска банка

Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ Тутунска банка добија вкупно 20 години затворска казна.
На првообвинетиот Бобан Смилевски денеска му беше изречена казна затвор од девет години и два месеца за кривичните дела затајување и тешка кражба. Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинениот Борис Мичевски пет години и два месеца, додека четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за затајување.
Со пресудата, која денеска беше соопштена во Основниот суд Скопје 1, осудените се должни да го вратат целиот износ кој го украле од НЛБ банка.
Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вина, но не открија што сториле со украдените пари.
Тие на 10 април годинава од НЛБ украле 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.
Надлежниот обвинител кој постапува во предметот до Судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката врз основа на општ акт, со посебно овластување им биле доверени определен круг на работи, но тие несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства во горенаведениот износ. Постапката против овие четири лица продолжува одвоено.
Ново на Сител
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
