-->
-->
Дончиќ и Џејмс ги предводеа Лејкерс до победа над Мемфис
-->

Лос Анџелес Лејкерс рано утрово го победија Мемфис дома во натпревар од НБА-лигата со 120:114.
Лука Дончиќ уфрли 36 поени, имаше девет скока и осум асистенции, додека Леброн Џејмс постигна 26 поени, седум скока и 10 асистенции.
Кај гостите се истакна Џејлен Велс со 23 поени.
Лејкерси го добија својот 22-ри натпревар во 33 натпревари и се трети на табелата во Западната конференција. Мемфис го претрпе четвртиот пораз по ред и, со 15 победи во 35 натпревари, се наоѓа на 10.
Резултати на другите средби играни ноќта недела кон понеделник:
Мајами – Њу Орлеанс 125:106
Вашингтон – Минесота 115:141
Феникс – Оклахома 108:105
Сакраменто – Милвоки 98:115.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
