-->
-->
Дончиќ го повтори вториот најдобар резултат во постигнатите поени на Олимпијадите
-->
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ утрово дебитираше на Олимписките игри на мечот со Аргентина (118:100). Дончиќ средбата ја заврши со 48 поени (18 од 29 од поле), 11 скока и 5 асистенции.
Дваесет и двегодишниот Словенец го повтори вториот резултат во историјата според постигнатите поени на еден олимписки натпревар. Членот на Далас Маверикс се израмни со Австралиецот Еди Палубинскас, кој постигна 48 поени на Игрите во 1976 година.
Рекордот му припаѓа на легендарниот Бразилец Оскар Шмит, кој во 1998 година постигна 55 поени на средбата со репрезентацијата на Шпанија.
Вреди да се нагласи дека Дончиќ помина само 31. минута на теренот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена