-->
-->
Доналд Трaмп останува продуцент на „Приправник"
-->
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе остане извршен продуцент на телевизиското шоу „Приправник" кое се емитува на каналот на Ен-Би-Си, пренесува ДПА.
Името на Трамп во одјавна шпица ќе оди веднаш по она на креаторот на ТВ шоуто, Марк Барнет, а пред Арнолд Шварценегер, којшто сега е и водител, пишува списанието „Вараети".
Петнаесеттата сезона на емисијата започнува на 2 јануари - 18 дена пред Трамп да стапи на должноста претседател.
Хонорарот, кој Трамп ќе го добива за секоја епизода, како сума останува непознат, но веројатно се работи за „низок“ петцифрен износ, наведува изворот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград