Долнореканското село Скудриње доби нов асфалтен пат

По посетата на премиерот Никола Груевски и увидот во работите, изградбата на новиот пат до долнореканското село Скудриње ќе заврши за неколку дена. Патот е во должина од 3,6 километри и е крак од регионалниот пат Маврово-Дебар.
- Вкупната инвестиција изнесува 40 милиони денари обезбедени од Агенцијата за државни патишта. За неколку дена работите треба да завршат. Најпрво извршиме пробивање на патот, а поради теренот неопходно беше поставување потпорни ѕидови и други бетонски работи, поради неколкуте свелчилишта, изјави градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.
Тој додаде дека долж овој патен правец на неколку места има и паркиралишта.
- Долж патот има и места за паркирање. Во целина видно ќе се подобри комуникацијата на жителите и бизнисот, што е наш приоритет за економски и општ развој на општината, нагласи Мехмеди.
Ова е последователна инвестиција, реализирана во последните години, со кои благодарение на подршката на Владата многу се подобрени условите за живот во реканскиот регион.
Нови асфалтирани патишта добија повеќе населени места, некои и за првпат, а реконструиран и проширен беше и патот до Бигорски манастир.
Жителите од Скудриње ја поздравуваат реализацијата на овој проект, бидејќи ќе се надминат проблемите со нормалното стигнување до селото, поради преоптовареноста на стариот пат.
Во селото живеат над две илјади жители, а делуваат и поголем број мали бизниси, во кои има и инвестиции на наши печалбари. Во меѓувреме во тек се и активностите за поставување улично освтелување на две делници кои се дел од региналниот пат Дебар-Маврово.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
-

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо
-

Неготинец си го натепал малолетниот син со метален предмет
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
