Документарни филмови на фестивалот „Десонанз“
Од денеска до 7 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува филмска програма на фестивалот „Десонанз“, специјално селектирана од интернационалниот фестивал на документарен филм „Докуфест“ од Призрен, Косово, кој од 2002 се одржува секоја година во август.
Вечер ќе биде прикажан документарецот „Тони Конрад: Сосема во сегашноста“ посветен на животот и кариерата на Тони Конрад - уметник, музичар, режисер и пионер на експерименталниот филм кој заедно со неговите современици ЛеМонт Јанг и Џон Кеј го инспирираат создавањето на култните „Велвет андерграунд“.
На програмата утре (5 ноември) е селекцијата на краткометражни музички и експериментални документарни филмови: „Комитет“ во режија на Гунхилд Енгер; „Гринго од зелениот екран“ на Дуве Џикстра; „Химерискиот музеј на менување облици“ на Дамиан Алкерике; „Нежна ноќ“ на Ки Јанг; „Диското сјае“ на Кема Гарсија Ибара и „Една ноќ во Торорики“ во режија на Роксана Стро.
На 6-ти и на 7 ноември од 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани првиот и вториот дел од филмот „Хипернормализација“ кој е еден од најгледаните и најактуелни документарни филмови во 2016 година. Филмот е на британскиот режисер Адам Кертис и е направен во соработка со Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор