Докажаа дека можат да читаат мисли: Направија трик кој никој на светот не може да го објасни
Две момчиња, Ендру и Дерен, во текот на викендот настапија во британската верзија на емисијата „Јас имам талент“, а нивните неверојатни трикови ја воодушевија публиката, жирито како и гледачите ширум светот. Имено, овие момчиња се претставија како „читачи на мисли“.
Дерен прво од Аманда Холден побарал да избере било кој контакт во својот телефон, да ги запамети последните три броеви и во глава постојано да си го повторува името на таа личност, по што Ендру точно испиша на хартија бројот 415 и името Деби.
Момчињата потоа побараа од Сајмон на хартија да го напиша бројот на куќата која си ја замислил во својата глава, да им одреди боја на ѕидовите во таа куќа како и календар со лице на некоја славна личност.
Секако, веднаш штом Коуел ја заврши задачата, Ендру без грешка повторно ги даде одговрите: Дека Сајмон си го замислил бројот 717, тиркизна боја и лицето на актерот Роџер Мур.
Потоа следуваше големо финале, прашањето на кое нема да ви го дадеме одговорот. Како и каде ги заменија маичките? Погледнете сами и ќе видите дека во салата влегоа со маички со маскирни бои, кои наеднаш станаа црни.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар