Дојран очекува до 15 илјади гости за празниците

За продолжениот Велигденски и Првомајски викенд приватните угостители и комерцијалните објекти во Дојран се максимално подготвени да ги пречекаат гостите кои треба да пристигнат во попладневните часови, изјавија од Туристичкото биро во Дојран.
- За претстојниот празничен викенд не може да се најде слободен кревет, а по наша проценка на дојранското крајбрежје ќе претстојуваат од 12 до 15 илјади гости од земјава и странство. Во приватното сместување креветите се издаваа по 300 денари, а апартманите од 1.000 до 1.500 денари додека пак во хотелите ноќевање со доручок чини од 1.200 до 1.500 денари. Сите расположливи капацитети се веќе пополнети и Дојран е подготвен да ги прими првите гости, рече раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски.
Дојран како град на културата, како што истакна Митаноски, посебно се ангажира околу забавата за младите, кои се очекуваат во голем број. - Од утре до понеделник преку ден и во вечерните часови ќе се организираат журки на плажа со познати диџеи од Македонија, Грција и Бугарија, додаде тој.
Ново на Сител
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
-

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај
-

Оман: САД беа „вовлечени“ во војната со Иран и покрај шансата за договор
-

Ердоган: Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре
-

Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
-

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром
-

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош
