Договорено аргентинското дерби во Мадрид-картите распродадени
Фудбалерите на Ривер Плата прифатија да го играат реваншот од финалето во Копа Либертадорес со Бока Јуниорс па мечот ќе се одигра во Мадрид на Сантјаго Бернабеу во недела 9. Декември со почеток во 21ч.
Ривер требаше да биде домаќин во реваншот на својот Момументал на 24.11 но мечот беше одложен поради дивеењето на навивачите. Првата средба заврши 2-2.
Веднаш потоа Бока одби да игра на Монументал и бараше натпреварот да се регистрира во 3-0 за нив. Сепак по повеќедневни преговори Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Комебол) го казни само Ривер со два меча играње на туѓ терен.
За домаќин е избран Мадрид во конкуренција на Доха и Мајами затоа што голем број Аргентинци живеат и работат во Шпанија.
За натпреварот се пуштени 80 000 влезници од безбедносни причини а двата клуба ќе добијат по 5000 за своите фанови во Аргентина кои веќе се продаваат поцена од 85 евра. Останатите се продаваат во Мадрид.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг