-->
-->
Договорен брак заврши трагично: Млада Албанка брутално убиена, вереникот се сомневал дека не е девица
-->

Арбен Реџа (32), Албанец од Лондон, минатата недела е осуден е на 10 години затвор поради убиство во состојба со намалена пресметливост. Реџа на крајот од јануари 2016-та година, практично и ја отсече главата на својата вереница Елидона Демирај (25) бидејќи се сомневал дека не е девица.
Елидона дошла во Лондон откако нејзиниот брак со Арбен Реџа (32) бил договорен во Албанија. Започнале да живеат заедно во неговиот стан во северен Лондон, три месеци пред бруталниот напад.
Елидона е убиена токму во тој стан, а сликата која полицијата ја затекнала најблаго речено била хорор- на креветот лежело мртво тело на млада жена со дури 27 рани од нож на вратот и модрици на телото.
Истражителите утврдиле дека Елидона имала стари рани и лузни од убоди, поради што полицијата се сомневала дека злоставувањето траело подолго време.

-Ја пративме како невеста, сега ни ја враќаат мртва. Тој целосно ја изолираше во тие три месеци и не и дозволуваше да запознае други луѓе. Елидона беше модерна девојка, многу пристојна и примерна. Сите ја сакаа и почитуваа, на училиште, на работа, секаде, изјавија на судењето нејзините родители.
Реџа сам повикал полиција кобниот ден и раскажал што се случило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски најави поевтинување на нафтените деривати за околу 2,5 денари во текот на денот
-

Тешко повредена кавадарчанка во сообраќајка на росоманска територија
-

18-годишник во Тетово се заканувал на ученици дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето
-

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди
-

Пост од 24 часа: Придобивки и здравствени проблеми
-

Андоновски: Македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата
-

Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците
-

Пожар во Прочистителната станица за отпадни води во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан
