Договор меѓу Грција и кредиторите ќе придонесе за нормално работење на банките
![]()
Договор меѓу Владата и нејзините доверители треба да придонесе банките повторно да почнат нормално да работат, со оглед на тоа што договорот ќе обезбеди финансирање на земјата за наредните три години, сметаат грчките експерти.
Сепак, банкарски службеници нагласуваат дека контролата на капиталот ќе остане подолго време, со што ќе се смени секојдневното живеење на домаќинствата и работата на фирмите.
Под услов да постои позитивен исход од преговорите и зголемување на итната помош за ликвидност од страна на Европската централна банка, банкарски извори велат дека дури и ако филијалите не успеат да отворат во вторник, најверојатно ќе почнат со работа до крајот на следната недела.
Спротивно на тоа, ако има проблеми во преговорите, „одморот“ за банките ќе биде продолжен за уште една недела.
Ако Владата и нејзините доверители се согласат за Третата програма за финансиска помош, нема да има проблеми во интернет и телефонските банкарски трансакции, кои вклучуваат големи суми на пари или во трансакции кои вклучуваат употреба на кредитни и дебитни картички во Грција.
Договорот исто така ќе создаде оптимизам дека рекапитализација на грчките банки ќе биде спроведена на начин кој нема да има последици по депозитите, особено оние до 100.000 евра, кои се загарантирани со закон.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
