Додик: Со тужбата за ревизија Изетбеговиќ го изгасна светлото на БиХ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека иницијативата за ревизија на одлуката за тужбата на БиХ против Србија за геноцид е акт на омраза на Бошњаците во Сараево кон Србите и порача дека членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, со тоа „и го изгаснал светлото“ на Босна и Херцеговина, пренесе Танјуг.
Додик, по средбата со претседателот и премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Александар Вучиќ, и членот на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ, рече дека зад иницијативата за ревизија всушност лежи желбата за укинување на Република Српска.
-Сакаат да ја вратат приказната на тоа дека Србите во БиХ сториле геноцид, што не се ни случил. Незадоволни од претходните пресуди, подготвени се да ја присвојат БиХ и да кажат дека ние не сме таму присутни во органите. Изетбеговиќ со ова ја затвори вратата на БиХ и нејзината перспектива, и го изгасна светлото кога станува збор за БиХ, рече Додик.
Претседателот на РС оцени дека иницијативата за ревизија е крај на процесот на помирување во Босна и Херцеговина.
-Ова зборува дека пропаднаа напорите на меѓународната заедница за постигнување помирување, кое со ова е угушено, бидејќи ако некој мисли дека во име на сите нас може да одлучува, тогаш довербата не може да се гради на тој начин, рече Додик.
Додик додаде, иако со иницијативата настојуваат да се урне позицијата на Србите во БиХ, српските политички сили во оваа земја се единствени.
-Во понеделник ќе имаме седница на Парламентот, и ќе донесеме логични заклучоци, најави Додик.
Тој констатира дека иницијатива навистина формално е вперена против Србија, но дека таа всушност е атак врз сите Срби во светот.
Додик додаде дека е уверен дека Меѓународниот суд на правдата ќе ја одбие иницијативата за ревизија на пресудите, но и дека останува примарниот проблем, дека некој (Изетбеговиќ) сака да одлучува во име на другите во БиХ.
Ново на Сител
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
