Додик: БиХ не е во статус кво, туку во распаѓање
Српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека тоа што претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, постојано ја негира уставната структура и настојува да ја уништи Република Српска, всушност претставува вовед во уништувањето на Босна и Херцеговина.
По повод изјавата на Изетбеговиќ дека ќе оддржува „статус кво” бидејќи не ја сака партијата СНСД во Советот на министри се додека не сфатат, како што вели, дека ентитетите не можат да командуваат со државата, Додик истакнува дека БиХ не е во статус кво, туку во стагнација и распаѓање, пренесе РТРС.
-Тоа распаѓање никој не може да го спречи. Изјавата на Бакир за визијата на БиХ е таква во неа да ја нема Република Срспка, бидејќи вели дека нема нас ентитетите да ни командуваат, туку некој друг. Кој друг? Алах ќе уредува, а не реалниот политички договор- рече Додик, пренесен од РТРС.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024