Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство
Амбасадорот на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство.
Првата награда ја добија Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска за истражувачката сторија „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“. Втората награда ја доби Сашка Цветковска за истражувачката сторија „Тајните играчи од САД позади македонските `фејк њуз велешки сајтови`“, а третата Кристина Озимец и Васко Маглешов за истражувачка сторија „Пратеничките скандалозни суми за патни трошоци“.
Наградите се дел од тековниот проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“. Целта на доделувањето на овие награди на ЕУ е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство.
Овие награди се воспоставени 2015 година. Годинава наградниот фонд изнесува 10.000 евра, 5.000 за првата награда, 3.000 за втората и 2.000 евра за третата. За доделувањето на наградите одлучувала тричлена комисија од истражувачки новинари од земјата и странство. За наградата пристигнале 20 апликации од 23 новинари, а од нив осум влегле во потесен избор. Од овие осум стории се избрани наградените три.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите