-->
-->
Добра вест за Македонците кои живеат или често патуваат во Германија
-->
Македонија и Германија постигнале договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи, објави Дојче Веле.Отстранети се последните пречки, и со тоа, Македонските државјани кои живеат или работат во Германија ќе можат да ги заменат своите матични возачки дозволи за Германски.
Тоа е особено важно како за Македонските државјани кои имаат постојано живеалиште во Германија, но и за оние кои често патуваат во земјата, бидејќи досега правото да управуваат со моторно возило во Германија го имаа само во првите шест месеци од престојот. Потоа, мораа да полагаат одново возачки испит.
Државите од Балканот кои не се членки на ЕУ потпишуваат билатерални договори со Германија за регулирање на ова прашање. Србија и Босна и Херцеговина веќе извесно време имаат такви договори, но Македонија немаше.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
