-->
-->
Добра вест за кошаркарската репрезентација, Џордан Теодор сигурно ќе игра во претквалификациите
-->
Иако македонската кошаркарска репрезентација на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ настапува без новото американско засилување Теодор Џордан, сепак добрата вест е дека Американецот ќе биде подготвен токму за најзначајните натпревраи за црвено-жолтите, односно предквалификациите за Светското првенство.
Теодор кој заработи повреда на мускулот на пријателскиот меч против Бугарија, бргу закрепнува и веќе во наредните денови се очекува комплетно да му се стави на располагање на селекторот Јорданчо Давитков.
Токму селекторот Давитков најави дека повредата на кошаркарот е надмината и дека Теодро ќе биде во тимот кој игра во претквалификациите за Мундијалот.
„Хематомот од повредата на Џордан повеќе го нема, но се уште не е комплетно здрав за да игра на пријателските средби. Се надевам дека во Бугарија ќе може да игра, барем некоја минута. Ќе му требаат уште пет до шест дена да влезе во сериозен тренинг“, заврши Давитков.
Потсетување дека Македонија претквалификациите за СП 2019 ги стартува на 2 август, со гостување кај Косово, а за противник ќе ја има и селекцијата на Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник