-->
-->
До крајот на август, 90 отсто од случаите со Ковид-19 во ЕУ ќе бидат од сојот Делта
-->
До крајот на август, околу 90 проценти од сите нови случаи на коронавирусот во ЕУ ќе бидат од сојот Делта. Ова беше објавено денеска во заедничката изјава на Европската агенција за лекови и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
„Варијантата Делта е загрижувачка бидејќи таа брзо се шири низ цела Европа и може да стане сериозна пречка за напорите да се стави пандемијата под контрола“, се вели во документот.
Во него се наведува дека според достапните податоци, оваа варијанта на вирусот е 40-60 проценти позаразна од варијантата „Алфа“, а има и поголем ризик од хоспитализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога