До 15 мај во прекин авионскиот, железничкиот и патниот сообраќај меѓу Грција и Македонија
Грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е во сила до 15 мај 2020 година во 15 часот, вчера беше објавена во Службен весник и е „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот на грчка територија“.
Забраната за влез во Грција не се однесува на грчки државјани, на граѓани со дозвола за престој, како и за лица чие постојано живеалиште е во Грција.
Исто така, исклучок од забраната има за камиони кои пренесуваат стока.
Во истата одлука на министрите, вклучени се и мерки што се однесуваат на поврзувањето на Грција со Албанија, Италија и Шпанија
До 15 мај привремено се прекинати сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и е забранет влез во Грција за албански државјани, се прекинува морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.
На 15 март, на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата Влада беше донесена одлука Грција да ги затвори границите со Македонија и Албанија, одлука што сега е продолжена за уште еден месец.
Ново на Сител
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина