Свет
21. September 2020 - 19:07

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 31.345,441 лицe. Од нив починале 966. 529пациенти, а оздравеле 22.930,778 луѓе.

– Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека денеска се регистрирани 42.561 нов случај на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 6.748.935 лица. Бројот на починати се зголеми за 655 на 198 754. Податоците на ЦДЦ не секогаш се совпаѓаат со податоците на одделни сојузни држави.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 нови случаи на заразени со коронавирус, а две лица починаа. Анализирани се 664 примероци. Во истиот период, евидентирано е оздравување на 157 пациенти. Повеќето нови пациенти се од Подгорица (77) и Никшиќ (64). Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 129, а 138 од почетокот на годината, објави Институтот за јавно здравје. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус е 8.842.

– Во текот на изминатите 24 часа, во Индија се пријавени близу 87.000 нови случаи на коронавирус, а 1.130 пациенти починале од оваа Ковид-19, соопштија денеска здравствените власти на земјата.
Вкупниот број на регистрирани случаи во Индија надмина 5,4 милиони и се очекува за неколку недели земјата да ги надмине САД во овој статистички параметар и да стане светски лидер. Вкупниот број на жртви на пандемијата во Индија е 87.882.

-Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти рекорден број на новозаразени , 453, меѓутоа во нив се вклучени 185 случаи кај бегалците и мигрантите во кампот на Лезбос, со што бројот на регистрирани случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 15.595 лица. Во изминатите 24 часа регистрирани се и шест смртни случаи, а од коронавирусот починаа вкупно 344 лица.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти за три нови случај на Ковид-19, од 3.036 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.603 лица.
 
– Во Австрија, во последните 24 часа се регистрирани 563 нови случаи на коронавирус, а првпат по неколку недели најголем број на заразени лица не се забележани во Виена, туку во Долна Австрија.

Иако бројот на нови инфекции во Австрија е помал во споредба со претходните денови, тој сепак е за 20 проценти поголем од понеделникот пред една недела, и дури 200 проценти од понеделникот пред две недели. Зголемен еи бројот на хоспитализирани, кој сега достигна 354, за 23 повеќе од претходниот ден и има 67 пациенти на интензивна нега.

– Бројот на лица кои биле заболени од Ковид-19 во Косово и кои починале достигна до 615, откако во изминатите 24 часа се регистрирани два нови смртни случаи. Од 596 лица кои биле тестирани вчера, позитивни на коронавирусот резултираа 79 , со што бројката на заразени од почетокот на епидемијата достигна до 15.142 случаи. Како излекувани во последниот извештаен период се регистрирани 104 лица, со што бројката на претходно заразени кои ја совладале болеста достигна до 12.674. Активни носители на вирусот во Косово се 1.853 лица.

-Во Бразил, во последните 24 часа се пријавени 16.389 нови случаи на коронавирус, а 363 лица починале, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вкупно над 4,5 милиони случаи на коронавирус се пријавени во Бразил, додека досега починале скоро 137 000 лица. Бразил е на третото место во светот според бројот на заразени со коронавирус, по САД и Индија и втор според бројот на смртни случаи, по САД.

– Во последните 24 часа на 6.196 лица им е дијагностициран коронавирус во Русија, што е најголем број случаи во еден ден од 18 јули. Во истиот период, починале 71 лице, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 19.489.

– 922 нови случаи на коронавирус се потврдени во Германија, објави денеска Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Нема пријавено смртни случаи во последните 24 часа, што значи смртниот биланс од 9.368 остана непроменет. Од почетокот на павидемијата, вирусот погоди вкупно 272.337 лица.

– Во последните 24 часа во Кина се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус и 25 асимптоматски случаи, кои кинеските власти не ги вбројуваат во официјалната статистика. Според Националната здравствена комисија, не биле регистрирани смртни случаи во истиот период. Сите новозаразени се случаи увезени однадвор.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 150 новозаразени со Ковид-19, оздравеле 55 додека починале две лица во болнички услови. Од почетокот на пандемијата направени се 80.539 тестови, позитивни на вирусот биле 12.535, оздравеле 6.995, починале 364, додека активни на болеста се 5.176 лица.