Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 16.317,533 лица. Од нив починале 650.260, а оздравеле 9.981,282 лица.
– Премиерот на Индија Нарендра Моди ги предупреди граѓаните да бидат „дополнително претпазливост“, поради постојаната закана од Ковид-19. За време на радио емитувањето на своето месечно обраќање до нацијата, Моди им порача на граѓаните дека е важно да практикуваат физичко дистанцирање и да носат маски за лице за да се потисне ширењето на вирусот, пренесува Гардијан. – Опасноста од коронавирусот е далеку од завршена, Таа се шири брзо на многу места. Мораме да бидеме внимателни, рече Моди.
– Во Индонезија потврдени се 1.492 нови случаи на коронавирус во претходните 24 часа, со што се зголеми вкупниот број на пациенти на 98.778 од почетокот на пандемијата, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на оваа земја. Бројот на починати од последиците од Ковид-19 се зголеми за 67, и сега изнесува 4.781.
– Во последните 24 часа лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора ја завршија ПЦР-анализата на 407 примероци за новиот коронавирус, меѓу кои 52 резултати се позитивни. „Нема пријавено смртни случаи поврзани со Ковид-19. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 34“, објави ИЈЗ. Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора во моментов е 2017.
– Дневното зголемување на бројот на починати од последиците од Ковид-19 во САД надминуваше илјада смртни случаи четири дена по ред минатата недела, додека во земјата се водат дебати во врска со отворање на училиштата и задолжително носење маски, со мрачни проценки за стапката на смртност од оваа болест. Вчера беа потврдени 900 нови смртни случаи, што е помалку од претходниот ден, кога оваа бројка беше 1.130, објави Си Ен Ен.
-Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, од кои четири при направените тестови на влезните точки во земјата, а почина едно лице. Бројот на заразени се зголеми на 4.193 лица, а починаа вкупно 202 лица.
-Министерството за здравство на Кипар соопшти за четири нови случаи на Ковид-19 од 912 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.057.
– Во изминатите 24 часа, во Босна и Херцеговина се потврдени 263 нови случаи на коронавирус, од кои 109 се во Република Српска и 154 во Федерацијата БиХ. Тоа е мало намалување на бројот на новозаразени во однос на претходниот ден, кога во БиХ беа регистрирани 304 нови случаи.
– Во Русија, во последните 24 часа се пријавени повеќе од 5.700 нови случаи на коронавирус, како и уште 77 смртни случаи, соопшти Кризниот центар. Бројот на починати е значително помал од претходниот ден, кога во земјата беа регистрирани 146 смртни случаи. Бројот на заразени лица се зголеми за 5.765 на 812.485. Како резултат на коронавирусот во Русија, 13.269 лица починаа додека 600.250 луѓе оздравеја.
– Во Бугарија, во последното деноноќие се пријавени 189 нови случаи на кортонавирус, 81 повеќе од претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Во изјавата се вели дека биле тестирани 2.161 примерок. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на епидемијата се искачи на 10.312, вклучително и 606 здравствени работници. Уште едно лице почина во изминатиот ден, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 338.
– Во Мексико, во последните 24 часа се пријавени 6.751 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени изнесува 385.036, соопшти Министерството за здравство. Уште 729 лица починаа, така што вкупниот број на смртни случаи сега е 43.374.
Ново на Сител
-

Угостителски услуги во мај на годишно ниво поскапи за 2,6 отсто
-

Француско-германски нон пејпер предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство
-

Рокас: Заложбите од 2022 година треба да се спроведат, се надевам на контруктивност од соседите и ЕУ во наредните месеци
-

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Во август излегува албум на Принс со досега неиздадени песни
-

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата досега
-

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
-

Почна доброволното служење воен рок за жени во Грција со 72 кандидатки
