Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,5 денари за литар. Така ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 73, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72, ЕУРОСУПЕР БС – 95 за 82, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 37,628 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,09 отсто, кај дизелот има намалување за 1,04 отсто, кај екстра лесното масло за 1,718 отсто, а кај мазутот има зголемување за 3,306 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 1,028 отсто.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО