Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
Собранието попладнево го донесе Законот за енергетика кој се смета за еден од поважните закони со кој се врши усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката. За Законот гласаа 62 пратеника.
Една од најзначајните придобивки е создавање на либерален, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија. Ова, според надлежните, ќе го зголеми изборот и квалитетот на услугите за потрошувачите, а цените на енергија ќе бидат пофер и пониски поради конкуренцијата. Законот е изработен од страна на Министерството за енергетика, без странски консултанти.
Министерката за енергетика Сања Божиновска неодамна во разговор за МИА оцени дека се работи за еден од најважните закони бидејќи според нашите обврски кон енергетската заедница требал да биде донесен уште во 2023 година.
- Многу е важен бидејќи сите европски регулативи се воведуваат, се имплементираат кај нас. Таму првпат се регулираат батериите, односно складирањето на електрична енергија, се формираат граѓански заедници. Тука првпат почнува да се прави методологија за мерење енергетска сиромаштија. Со овој закон МЕПСО ќе помине под Министерството за енергетика што е нормално и очекувано. Исто така има и за нафта, за гас. Има многу работи, станува збор за многу обемен закон со 317 членови, истакна Божиновска.
И за претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, со ова законско решение стануваме како да сме земја членка на Европската унија бидејќи се имплементирани сите европски директиви во областа на енергетиката.
И двајцата сметаат дека најголем предизвик во следниот период ќе биде изработката и усвојувањето на подзаконските акти и регулативи.
Ново на Сител
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ
-
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани