Дисциплинска постапка за полициското лице чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај. Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во близина на село Смилковци и клучка Стајковци се претставил како полициски службеник и ја покажал службената легитимација на неговиот татко. Притоа, Ф.Х. физички го нападнал лицето, кое потоа настанот го пријавило во полициска станица. Во врска со настанот, СВР Скопје во соработка со јавен обвинител, против Ф.Х. ќе поднесе кривична пријава по член 386 – „насилство“ од Кривичниот законик.
Додека, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди констатира дека полицискиот службеник И.А.Х., дозволувајќи неговата службена легитимација да биде употребена за лични цели од неговиот син, постапил спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи и против него ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за нарушување на работниот ред и дисциплина.
Ново на Сител
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени