Директорот за генерален развој на УСАИД во посета на Американското катче во Штип
Директорот за генерален развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес денеска беше во посета на Американското катче, кое се наоѓа во просториите на штипската библиотека „Гоце Делчев“.
Гонзалес истакна дека целта на неговата посета е да презентира кои проекти УСАИД ги има реализирано во Македонија во изминатите 25 години. Тој заблежа дека во изминатите години имале добра соработка со државните инстутуции, приватниот сектор и со невладините организаци и оти се поддржувани проекти за поттикнување на економскиот развој, демократијата и образованието. Во моментот УСАИД поддржува вкупно 27 проекти во Македонија.
- Во Штип имаме многу проекти коишто се посветени на работа со младите, а еден од нив е многу важен за нас. Тоа е ангажирање на младината и на општеството во различни проекти. Овој проект всушност нуди финансиски средства за создавање на проекти кои што ќе дадат соодветна врска меѓу граѓаните и локалната власт, рече Гонзалес.
Тој истакна дека во тек е и проектот „Читачите се лидери“, во кои се вклучени училиштата од целата држава со цел децата да почнат да читаат книги од млади години, а се посветува и внимание да се изучува математиката.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги