Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер

Директорот на српската полиција Драган Васељевиќ денеска потврди дека полициски хеликоптер се урнал за време на тренинг лет и дека двајцата пилоти се на домашно лекување.
Индицентот според српски медиуми се случил во вторникот при слетување на хеликоптерот.
Претседателот на Партијата Србија цента (СРЦЕ) Здравко Понош денеска на седница на Парламентарниот комитет за одбрана и внатрешни работи изјави дека полицискиот врв крие од јавноста дека хеликоптер „Газела“ вреден половина милион евра се урнал за време на тренинг лет.
„Оваа година, вашиот хеликоптер се урна, вашата „Газела“ се урна на тренинг лет, беше целосно уништен, две лица беа повредени. Го криете тоа од јавноста. Изгубивте половина милион евра и го криете од јавноста на Србија. Дали мислите дека ова е нормално?“, праша Понош.
Директорот на полицијата рече дека хеликоптерот се урнал од мала висина и дека ќе се утврди зошто.
МИА
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
