Директор на основно училиште си заработи кривична пријава
СВР Велес поднесе кривична пријава против В.Ј. (62) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Т.И. (61) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“. В.Ј. во 2016 година, како директор на општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, во три наврати, надвор од предвидените асортимани во јавната набавка, извршила набавка на разна стока од правно лице од Кавадарци во вредност од 11.027 денари и извршила плаќање за три доспеани фактури. Подоцна, од Т.И., таа набавила други три фактури со различен опис, но со иста вредност од 11027 денари, коишто ги прифатила и извршила плаќање за дополнителните фактури. Т.И., како управител во ДТУ „ТД-ТД Трајче“ ДООЕЛ Кавадарци, во 2017 година издал три дополнителни фактури за набавка на стока што не била воопшто подигната од училиштето и кои не биле согласно постапката за јавни набавки. Со ова пријавените го оштетиле буџетот на училиштето, односно буџетот на Локалната самоуправа Кавадарци, за 22.054 денари.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости