-->
-->
Димовски до СДСМ: Не може да правите што сакате, ова е Собрание и редот мора да се почитува
-->
Јас сум претседател на Комисија за прашања на избор и именување во чија надлежност се овие точки. Не дека немаат право колегите координатори пратеници да објавуваат оглас. Имаат, но редот на нештата значи, барем да не информираат дека ќе ги поднесат точките за да бидам во тек, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната собраниска седница.
Димовски додаде дека дневниот ред го виделе пред 5 минути кога почнала седницата и дека не е во ред координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не биде известен што точно ќе се дискутира на седницата.
-Во најмала рака недостасува нормална комуникација за што се надлежни луѓето кои го раководат ова Собрание, Џафери и координаторите на владејачкото мнозинство, пратениците Митревски и Ејуп. Ниту јас сум информиран како некој одговорен на надлежно работно тело, ниту Мицевски е информиран дека се планира на денешната седница да се ставаат овие точки. Реагирам не дека не треба да се стават. Реагирам дека ова е уште еден симптом дека малце се залетува работата, истакна Димовски.
Тој потенцираше дека мора да се почитува редот на Собранието, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство мора да се консултира со опозицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг