Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари

Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари, а од друга страна сум обвинета затоа што не сум се придржувала до постапките за делата кои ми се товарат, притоа, постојано повторуваше судијката дека парите кои што се искористени за она што ме обвинуваат доаѓаат од оперативниот фонд на ЕУ, значи тоа се европски пари, за коишто претходно ме ослободува дека не сум ги злоупотребила, вели поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, која денеска Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна за злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.
Димова, во изјава за медиумите по изрекувањето на пресудата, рече дека не е изненадена од пресудата.
- Не сум многу изненадена, особено затоа што во последните две три недели ги воскреснаа магарињата што се тренирани и мислам дека ова е уште една политичка игра, со таа несреќа што во овој случај двете страни и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат корист за тоа јас да бидам осудена, изјави Димова.
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи Димова за виновна за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување, а ја ослободи од вина за делото измама.
Димова е осудена на казна затвор од две години, да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.
МИА
Ново на Сител
-

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител
-

26-годишник со двајца другари ги нападнал својата поранешна партнерка и нејзиното момче, користеле и електрошокови
-

Лариџани му се закани на Трамп со елиминација
-

Албанец во Градска болница тврдел дека имал сообраќајка, лекарите откриле прострелна рана
-

18-годишник пукал со плашливец кон сограѓанин по расправија во локал во Гостивар
-

Две лица, 18 и 16-годишник провалиле и ограбиле објект во Крива Паланка
-

МНРиНТ: Со лет од Дубаи денеска евакуирани 150 патници, од кои 125 македонски државјани, утре лет од Ријад
-

Воз се запалил кој сообраќал кон Куманово, откажани сите линии Скопје – Битола
