Димитров во Берлин на средба со Габриел
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Берлин, СР Германија, на покана на германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.
Како што соопшти МНР, двајцата министри на средбата се очекува да размененат мислења за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, како и да биде пренесено очекувањето за засилена поддршка и помош од пријателска Германија во исполнувањето на клучните реформски приоритети, во насока на што поскоро отворање на европските и евроатлантските перспективи на нашата земја.
Покрај средбата со министерот Габриел, предвидено е шефот на македонската дипломатија да оствари средба и со советникот на канцеларката Ангела Меркел за надворешна и безбедносна политика, Кристоф Хојзген, на која меѓудругото се очекува да биде разговарано и за стратешките приоритети на новата реформска Влада, насочени кон придвижување на процесите за што поскора интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
За време на работниот престој во Берлин, министерот Димитров ќе оствари средби и со високи претставници на двете најголеми германски фондации „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“, а свое обраќање ќе има и во реномираното Германско друштво за надворешна политика (ДГАП) во Берлин.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар